Сите скриени трошоци за куќите за едно евро

178

На сите им изгледаше неверојатна понудата – куќа за едно евро во напуштени села во Италија. Иако локалните власти имаа за цел да ги оживеат запоставените делови од Италија, сепак се покажа дека има скриени трошоци што се многу повисоки од едно евро.

Порано овие села биле населени и во нив се водел динамичен живот, но во последните седум децении тие “тонат“ во заборав. Идејата за купување куќа од само едно евро е идеја на тамошните власти, којашто најмногу наишла на интерес кај купувачи од Америка и Скандинавија, кои сакаат потопла клима.

Сепак, купувачите мора да одвојат многу повеќе пари за да добијат куќа во некое од живописните италијански села. Како што пишува Business Insider, купувачите мора да дадат депозит, потоа да ги платат платните трошоци до објектот, а мора да обезбедат и доволно средства за обнова на куќата. Најскапиот дел од целата инвестиција е процесот на реновирање на објектите, бидејќи тие со децении се напуштени и оставени на “забот“ на времето.

Освен тоа, често се случувало за еден објект да има повеќе заинтересирани, па да се организира аукција, што дополнително ја зголемува цената.

Од сево ова може да се заклучи дека новиот сопственик, освен едно евро, ќе треба да одвои околу 60.000 евра за купување куќа во некое село на Сицилија.

Фото: Freepik