Скара на иднината со стапче за selfie, фарови, рефлектори, звучници…

90

bbq

Подготвувањето на храна повеќе не подразбира само умешност да се подготват и искомбинираат потребните намирници.

Доказ за тоа е скарата со голем број додатоци, како што е стапче за правење на популарното selfie, држач за iPad, фарови, рефлектори, звучници, уред за отворање шишиња…

BBQ 123

Еден од најголемите синџири на супермаркети во Велика Британија – Asda, спроведе анкета, чија цел е да ги праша нивните потрошувачи како ја замислуваат идеалната скара.

По анализа на резултатите, беше ангажиран дизајнерот Оливер Бојд, кој требаше да ги сублимира сите овие податоци во едно.

skara so dodatoci

“Ми беа потребни шест до седум дена напорна работа, но финалниот резултат е одличен. Може да слушате музика, да има место за вашето пиво и да правите selfie додека ја подготвувате омилената храна. Ја имав таа можност да дизајнирам fast and furious машина. Таа го прави готвењето поинтересно“, вели Бојд за британски Mirror.

skara podgotvuvanje