SketchAR, апликација што помага во совладување на цртањето

58

skica

Фото: SketchAR

SketchAR е апликација за iOS и Android којашто ја користи Tango технологијата на Google и на корисникот му помага било која фотографија или цртеж да ја претвори во скица со помош на (augmented reality), проширена реалност.

Апликацијата им овозможува на корисниците да ја прецртаат сликата на хартија, а за почеток ќе треба да нацртаат пет мали кругови по аглите на хартијата. Овие кругови ќе ѝ  помогнат на апликацијата да се ориентира и правилно да ја позиционира сликата на хартијата.

Благодарение на проширената реалност корисниците гледаат каде да го постават моливот и да повлекуваат линии.

Оваа апликација е одлична алатка за сите кои сакаат да научат да цртаат, а може да послужи и за цртање на мурали.