Škoda го избра името за својот нов електричен SUV

23

Чешката марка не се откажува од правецот по којшто движи со именување на своите SUV модели кои завршуваат на буквата Q, па така по Kamiq, Karoq, Kodiaq, сега пристигнува и Enyaq, чија почетна буква Е јасно асоцира на електромобилноста кон којашто се фокусира Škoda.

Најавениот електричен кросовер би требало да биде серија варијанта на концептуалниот модел Vision iV. Овој автомобил е првото возило коешто чешкиот бренд го создаде со цел да користи само електрична енергија како погонско гориво, за разлика од Citigo iV, којшто е електрична варијанта на конвенционалниот модел.

Enyaq ќе биде поставен на модуларната MEB платформа на Volkswagen, која ја користи компактниот VW ID.3, и според информациите би требало да има слични димензии како Kodiaq. Првичните замисли беа овој електричен SUV да има изглед на купе, како што случајот кај конвенционалниот BMW X6, но Škoda кон крајот на минатата година соопшти дека во понудата ќе има стандарден SUV, како и купе-SUV.

Како една од главните карактеристики по којшто е познат чешкиот производител е пространоста во ентериерот, а сега се најавува дека новиот Enyaq ќе понуди простор кој ја надминува својата класа. Иако Škoda не даде никакви официјални податоци во врска со спецификациите на возилото, се очекува најавениот електричен SUV да располага со најмалку 480 километри автономија, а електричниот мотор да испорачува 300 коњски сили.

Првите примероци на Enyaq до своите нови сопственици ќе пристигнат кон почетокот на идната година, што значи дека премиерата на овој модел најверојатно ќе ја видиме во текот на оваа година.

Преземено од Avtoplus.mk