ŠKODA го претстави новиот концепт Vision RS

17

Концептот на ŠKODA – Vision RS свое деби ќе има на Париз Мотор Шоу 2018 година, кога ŠKODA ќе го понуди првиот поглед на својот иден компактен автомобил,истовремено навлегувајќи во следната фаза на дизајнот за својот спортски RS модел.

Пред светската премиера во октомври, чешкиот бренд ги објавува скиците со цел да го пренесе првиот впечаток за овој динамичен концептуален автомобил. Како дополнување, објавеното видео илустрира како ŠKODA Vision RS се оформува во Одделот за дизајн, предводен од главнот дизајнер Оливер Стефани.

Дури и грубите скици откриваат дека клучен дел од концептот на возилото е аеродинамиката. Предницата е прецизно дефинирана. Со своите тенки фарови, изгледа навистина динамично. Во задниот дел доминира дифузерот и аеродинамично оптимизираниот покривен спојлер.

ŠKODA Vision RS е долг 4.356 милиметри и широк 1.810 милиметри, со висина од само 1.431 милиметри и меѓуоскино растојание од 2.650 милиметри. Вклучувајќи јасни референци за моторни трки, овој автомобил всушност го претстави вкусот на следната фаза на дизајнот на моделите со RS перформанси,базирано на 117-годишната традиција на ŠKODA во мотоспортот. Комбинацијата на RS буквите беше првично воведена во 1974 година за рели тркачките спортски автомобили 180 RS и 200 RS. Следејќи го успехот на 130 RS, стана познат низ целиот свет, а од 2000 година се користи за да се идентификуваат варијантите на перформансите на различните ŠKODA модели.

Домот на ŠKODA Design е вила изградена во 1890 година на брегот на реката Језера во областа Чесана во Млада Болеслав. Таа е дел од напредниот и цврсто чуван технолошки центар ŠKODA Auto, кој беше преместен во Чесана во 2008 година и повторно се модернизираше во 2015 година. И токму тука е главниот дизајнер Оливер Стефани заедно со останатите 150 вработени од 26 земји, кои го развиваат јазикот на дизајнот на ŠKODA од иднината. Производството на делови за возилата ŠKODA пристигнало дури во средината на 20 век.

Во претставеното видео, камерата лета токму кон оваа Дизајн вила. Со снаодливи потези и инспириран од историскиот рели шампион ŠKODA 130 RS, дизајнер седи во дворот на вилата скицирајќи атлетичен компактен автомобил на таблет, со прецизни, лесни линии и различни контури –тоа е ŠKODA Vision RS.