Škoda Superb – автомобил на годината во Македонија

51

Superb-web

Националното жири за избор на автомобил на годината го прогласи знаменосецот на брендот Škoda, новиот Superb, за добитник на оваа престижна награда во Македонија за 2016 година.

Освен што ги освои симпатиите на стручното жири, Škoda Superb ги придоби и останатите љубители на висококвалитетни автомобили. На онлајн гласањето  македонските граѓани го избраа својот омилен автомобил, каде Superb освои 39,1% од вкупниот број гласови, што беше одлучувачки фактор за да го добие престижното признание. Чешката лимузина ја доби годинешната награда и поради новитетите што ги понуди во најновата генерација на Škoda Superb.

Со прогласувањето за автомобил на годината во Македонија, Škoda Superb ја продолжи успешната серија на освоени награди. Добитник е на значајното признание Фамилијарен автомобил на годината според престижниот автомобилски магазин AutoExpress и автомобил на годината според посетителите на најголемиот британски вебсајт за автомобили WhatCar.

Škoda Superb е лимузина којашто изгледа одлично, нуди многу простор и фантастично возачко искуство. Дизајнерите и стручниот тим на Škoda го поставија овој модел на едно сосема ново ниво кога станува збор за креативноста и технологијата. Автомобилот нуди низа системи за помош коишто досега не беа вградувани кај возилата од овој сегмент. Новата технологија, направена според последниот збор на техниката, му помага на возачот во најразлични ситуации во сообраќајот. Škoda Superb се истакнува и со иновативната технологија на моторот така што возилото троши само 3,7 литри гориво на 100 километри. Škoda Superb поставува нови стандарди во поврзувањето на автомобилот со паметни телефони и таблети како и во поврзувањето со интернет. Овој автомобил доаѓа со бројни нови и единствени Simply Clever решенија.