Вкупниот промет на Македонска берза, во период од 20-ти до 24-ти јули оваа година, достигна вредност од 1.909.872 евра или 80,17% повеќе во однос на претходната недела, стои во Неделниот преглед на Македонска берза.
Кај вкупниот број на трансакции (368) има пораст од 65,77%, додека пазарната капитализација, што се искачи на 3.261.464.904 евра е зголемена за 1,12%. Пазарната капитализација на 24-ти овој месец изнесуваше 1.795.319.247 евра или 3,67% повеќе во однос на истиот ден претходната недела.
Индексот МБИ 10 се позиционираше на 4.240,89 поени или 1,53% повеќе во однос на минатата недела.
Најтргувани акции во текот на изминатата трговска недела беа оние на: Комерцијална банка, Гранит, Алкалоид, НЛБ Банка и Макошпед.
Фото: Freepik











