Скопје меѓу најевтините градови во светот според индексот на трошоци на живот

51

mapa indeks na trosoci na zivot

Македонската метропола се најде на 221-во место, од вкупно 224 позиции, на ранг листата на порталот Expatistan, што ги мерки трошоците на живот во светски рамки.

Од земјите во регионот, најдобро позиционирана е Љубљана на 129 место, потоа следи Атина на 131-вата позиција. Загреб и Белград, според индексот на трошоци на живот, се на 173-то односно 195-то место. Главниот град на БиХ – Сараево е на 197-ма позиција, а Софија е на 207-мо место.

Цирих е лидер на оваа листа, а потоа следат Осло и британската престолнина. Швајцарскиот град Женева е на четврто место според индексот на трошоци на живот, додека Сигнапур е последен на топ пет листата.

Од друга страна, на дното според овој индекс, се најдоа дури четири градови од Индија, додека на последното 224-то место е украинскиот град Каркив.

За да се пресмета индексот на трошоци на живот се зема референтна вредност, што во случајот е индексот на трошоците на живот во Прага, и врз основа на тоа се пресметува за останатите земји.