Скопје се вклучува во Европска старт – ап недела

19

Осмели се, започни свој бизнис, е мотото на Европската старт – ап недела што почнува денеска, а во која со активности се вклучува и Скопје заедно со уште 220 градови од 40 држави, јавува Миа.

Главна цел е промовирање на претприемништвото и можностите кои се на располагање на сите оние кои имаат желба да започнат сопствен бизнис.

Европската недела на стартапи ќе се одвива на повеќе локации во Скопје со секојдневни работилници и  предавања.

Како дел од активностите Фондот за иновации и технолошки развој организира Отворен ден за сите кои сакаат да дознаат како да добијат финансирање до 100.000 евра за нивниот бизнис. Тоа е согласно отворениот четврти јавен повик за финансирање предлог проекти со инструментите Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт – ап и спин – оф и Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.

Европската старт – ап недела ќе трае  до 10-ти февруари кога ќе се одржи завршна конференција во ЕУ Инфоцентар.

Во активностите се вклучени успешни претприемачи, иноватори, компании, институции и  организации клучни за поддршка на новите старт – ап бизниси.