Скопје vs Вилнус

363

Скопје од главниот град на Литванија, Вилнус го делат околу 2.149 километри. Ние со помош на податоците на Numbeo ќе направиме анализа за разлика во цените.

Па така, комплетен оброк за две лица во ресторан во Скопје чини околу 16 евра, а во Вилнус 35 евра. Шише вода од 0,33 литри во ресторан или кафуле во Скопје е околу 0,75 евра, додека во главниот град на Литванија има цена од околу 1,26 евра.

Околу 50% има разлика во цените за леб од 500 грама. Во маркет во Скопје има просечна цена од 0,47 евра, додека во Вилнус  може да се купи за 1,02 евра. Килограм портокали во Скопје има цена од 0,87 евра, а во Вилнус за 1,20 евра.

Билет во еден правец со јавен превоз во Скопје има просечна цена од 0,57 евра, а во Вилнус е едно евро.

Изнајмување на стан со три спални во центарот на Скопје има просечна цена од 407 евра, а во Вилнус чини 851,67 евра. Цената на еден метар квадратен за стан во центарот на Скопје е 1.228 евра, а во литванскиот град чини 2.721 евра.

Просечната нето плата на жител во Скопје е околу 389 евра, а во главниот град на Литванија изнесува 896 евра.

Фото: Vilnius-tourism