Скопски пазар ќе исплаќа дивиденда на своите акционери

38

skopski-pazar

Акционерското друштво Скопски пазар донесе одлука за распределување на добивката остварена во текот на 2014 година.

Од нето добивката во износ од 54.081.736 денари, за дивиденда се одвојуваат 11.700.000 денари, за учество во добивката на вработените и менаџментот отпаѓаат 11.000.000 денари, додека како реинвестирана добивка остануваат 31.381.736 денари.

Предложената дивиденда по акција во нето износ за обични акции ќе изнесува 124 денари по акција, односно 4% од номиналната вредност на акцијата, додека за приоритетните нето износот ќе биде 186 денари, т.е. 6% од номиналната вредност на акцијата.

Последен ден на тргување со право на дивиденда, според дивидендниот календар, е 04.05.2015 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2014 година е 05.05.2015 година. Дата на стекнување на право на дивиденда за 2014 година е 07.05.2015 година. Дивидендата ќе се исплати во законски пропишаниот рок, односно до 30.09.2015 година.