Скопски пазар оствари добивка од над 54 милиони денари

39

skopski-pazar

Компанијата Скопски пазар прокнижи добивка од 54.082.000 денари во 2014 година, покажуваат податоците од билансот на успех, објавен на Македонска берза.

Претходната 2013 година, добивката на Скопски пазар беше 29.603.000 денари.

Вкупните приходи од продажба се на ниво од 1.276.877.000 денари, додека една година претходно беа во висина од 1.464.374.000 денари.