Скоро 60% од Јапонците се за откажување на Олимпијадата

19

Скоро 60% од жителите на Јапонија веруваат дека олимпските и параолимписките игри во Токио ова лето би требало да се откажат. Тоа го покажуваат резултатите од дводневното телефонско истражување, што го организираше јапонската новинска агенција Kyodo.

Околу 25,2% од испитаниците сметаат дека игрите треба да се одржат, но без публика, а 12,6% се за одржување на Олимпијадата со ограничен број гледачи.

Резултатите од анкетата покажуваат голем скептицизам во општеството за овие спортски настани, коишто беа одложени минатата година поради пандемијата.  Но, сега три месеци пред отворање на Олимписките игри, бројот на заразени и понатаму расте, а кампањата за вакцинирање оди прилично бавно.

Околу 80% од испитаниците рекле дека вакцинирањето е одложено, а повеќе од 71% се незадоволни од работата на владата за сузбивање на пандемијата.

Олимписките игри во Токио, закажани за период од 23-ти јули до осми август оваа година, беа одложени на една година поради пандемијата, што се случи првпат од почетокот на 19-от век.

Фото: Pexels