Скоро милион вакцинирани во Израел

60

Во Израел се вакцинирани скоро милиони луѓе за помалку од две недели откако почна кампањата за вакцинирање против коронавирусот.

Околу 950.000 жители на Израел ја примиле првата доза од вакцината, што е повеќе од 10% од населението.

Само во еден ден, вакцина примиле околу 153.400 Израелци.

Повеќе од 40% од лицата постари од 60 години ја примиле првата доза од вакцината на Pfizer и BioNTech.

Според експертите, Израел го вакцинира населението со најголема брзина од било која друга земја.

Фото: Freepik