Скоро пола од побарувачката на злато отпаѓа на накит

48

Очигледно е дека корона кризата ништо не му може на златото, а за тоа говори и фактот за зголемување на цената на овој благороден метал во последно време.

Податоците на Светскиот совет за злато (World gold council) дека од вкупната побарувачка за злато минатата година, во висина од 4.000 тони, 48% или 2.107 тони отпаѓа на накит. На второ место, според побарувачката на злато, се златните прачки и кованици со 870 тони или 19,99% од вкупната побарувачка, додека на трето место се централните банки и останатите институции со купено злато во вредност од 650 тони.

Иако улогата на златото како “сидро“ за инвеститорите во услови на криза, коронавирусот, како што пишува Howmuch.net, направи голем притисок врз индустријата. Во моменти кога расте побарувачката за овој благороден метал, рудниците за злато од Јужна Африка до Канада се под клуч. Прекините во процесот на снабдување предизвикуваат страв кај трговците поради терминските договори за златни прачки, бидејќи е намалена меѓународната трговија.

Фото: Freepik