Сковин евидентираше добивка од 886.000 денари

57

skovin

Винаријата Сковин прикажа добивка од 886.000 денари во 2014 година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2013 година Сковин работеше со добивка од 711.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Сковин се на ниво од 407.782.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 71.282.000 денари, додека поголемиот дел од 336.500.000 денари  се реализирани на странски пазари.