Сковин минатата година ја заврши со добивка од 305.000 денари

48

skovin

Винарската визба Сковин, од први јануари до 31-ви декември лани, прикажа добивка од 305.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на Сковин изнесуваше 311.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31.12.2016 година, изнесуваа 238.137.000 денари. На домашен пазар, од тој износ, отпаѓаат 96.815.000 денари, додека од продажба во странство се прокнижени 141.322.000 денари.

“Оваа година Сковин АД Скопје во своето работење се соочи со одредени структурни промени, што треба да се одразат позитивно во наредниот период. Како основна цел кон која се стреми менаџментот на компанијата останува определбата да се зголеми продажбата на флаширано вино, за сметка на наливно вино и да се фокусира на  продажбата на производи кои ќе ги задоволат специфичните вкусови на потрошувачите“, стои во Образложението за остварените резултати во 2016 година.