Сковин за девет месеци прокнижи загуба од 15 милиони денари

29

Винарската визба Сковин, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна загуба во висина од 15.049.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци лани, компанијата прикажа загуба од 35.636.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти септември 2018 година, изнесуваа 138.448.000 денари. На домашен пазар од тој износ отпаѓаат 25.150.000 денари, додека поголемиот дел од 113.298.000 денари е остварен на пазари во странство.