Сковин за девет месеци во минус од над 51 милиони денари

23

vino i grozje

Винаријата Сковин за девет месеци евидентираше загуба во висина од 51.090.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех, доставен на Македонска берза.

Минатата година, винаријата евидентираше негативен финансиски резултат во висина од 67.381.000 денари.

Вкупните приходи од први јануари до 30 септември оваа година се на ниво од 198.042.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат само 62.718.000 денари, додека остатокот од 186.080.000 денари се реализирани на странски пазари.