Сковин за шест месеци прикажа загуба од 27,2 милиони денари

47

skovin

Винарската визба Сковин првото полугодие од оваа година прикажа загуба од 27.205.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на јуни минатата година, компанијата оствари загуба во висина од 70.334.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во периодот јануари – јуни оваа година, изнесуваа 93.508.000 денари. На домашен пазар од тој износ отпаѓаат 35.106.000 денари, додека поголемиот дел од 58.402.000 денари е остварен на пазари во странство.