Сладок бизнис: Белгиски мајстор за чоколадо избран за најдобар слаткар во светот

195

Белгискиот мајстор за чоколади, Пјер Марколини, е прогласен за најдобар слаткар во светот со што Белгија уште еднаш ја покажа својата лидерска позиција во светот.

Одлуката ја донесе комисија на независни новинари, а титулата ја доделува World Pastry Star, организација со седиште во Италија, којашто ги опфаќа слаткарите од земјите со долга традиција во изработка на слатки и чоколади, како што се Франција и Швајцарија.

Инаку, Марколини е препознатлив по неговиот минималистички стил, а неговите чоколадни креации се луксузни подароци за коишто се одвојуваат и над 100 евра. Кариерата ја почнал пред 25 години, а денес има луксузни продавници за чоколади низ целиот свет, пренесува Ројтерс.

Неговата земја е колевка на чоколадите, а во далечната 1912-та се измислени пралините – чоколадо полнето со крем. Но, денес земјата се соочува со силна конкуренција од странство, па белгиските чоколади се произведуваат насекаде, од Малезија до Канада. Во Белгија има над 200 компании што произведуваат чоколади и над 2.000 продавници за овие слатки.

Фото: Facebook