Следната година започнува изградбата на Aladdin City во Дубаи

32

Aladdin-CityИзградбата на Градот на Аладин (Aladdin City) во Дубаи, инспириран од приказните за Аладин и Синбад, ќе започне следната година, потврди претседателот на општината во Дубаи за Emirates 24/7.

“Планираме да започнеме со изградба на градот следната година. Имаме наши сопствени фондови за финансирање на проектот”, изјави претседателот Хусаин Насер Лота.

3

Проектот кој беше претставен во април 2014, ќе вклучува три кули, во кои ќе има комерцијален и хотелски простор. Кулите ќе се протегаат на растојание од 450 метри од копното, на самата притока во градот (Dubai Creek).

Ќе бидат изградени климатизирани мостови, во форма на змејови и змии, подвижни подови кои ќе ги поврзуваат кулите, огромни паркинзи и патеки.

1

Трите кули ќе зафаќаат површина од 110.000 метри квадратни, а највисоката од нив ќе има 34 ката. Другите две ќе имаат 24 односно 25 ката, додека капацитетот на паркингот ќе биде за 900 возила.

Колку ќе чини целата инвестиција сè уште не е познато.