Слика на Пикасо продадена за 103,4 милиони долари

266

Сликата Жена која седи близу до прозорецот на Пабло Пикасо е продадена за 103,4 милиони долари во текот на аукција во Њујорк.

Платното со димензии 1,46 на 1,14 метри е насликано во 1932 година, а е продадена по повеќе од 19 минути лицитирање меѓу колекционерите.

Делото на коешто е претставена љубовницата и муза на Пикасо, Марија Тереза Валтер, скоро двојно ја зголеми почетната вредност, што изнесувала 55 милиони долари.

Продажбата, како што се наведува, на потврдува виталноста на уметничкиот пазар којшто немаше последици од пандемијата, но и посебниот статус на Пикасо.

Истата слика продавачот ја купил пред осум години во Лондон за околу 44,8 милиони долари.

Пет дела на шпанскиот слика го поминаа симболичниот праг од 100 милиони долари, а најскапо е делото Les femmes d’Alger, што го држи рекордот од 179,4 милиони долари во 2015 година.

Само 14 слики во историјата надминале вредност од 100 милиони долари на аукции.

Фото: Pablo Picasso