Словачка: На работа само со негативен тест

89

Словаците од регионот Нитра нема да можат да работат ако немаат негативен тест за коронавирус, бидејќи болниците во таа област се преполни со пациенти, а стапката на смртност е многу висока, соопштија властите.

Во изминатите неколку дена, бројот на болни и хоспитализирани пациенти во Словачка е во пораст и покрај делумната блокада.

Словачкиот премиер Игор Матовиќ изјави дека луѓето од регионот Нитра нема да можат да одат на работа без негативен тест за Ковид-19.

“Ситуацијата во Нитра е многу драматична и доброволно тестирање не е доволно. На овој начин ќе ги заштитиме подобро работниците, компаниите и здравјето на луѓето “, потенцира Матовиќ.

Во Словачка движењето на луѓето е ограничено, но бројот на пациенти е многу голем.

Jaguar Land Rover е најголемиот работодавец во регионот Нитра со околу 2.800 работници.

Фото: Freepik