Словенци заработиле на трговија со биткоини, па инвестирале во фарма со крави

45

kravi

Нејц Кодрич и Дамјан Меркал своите први пари ги заработија на берза, но на листата најбогати Словенци се најдоа откако ја основаа фирмата Bitstamp, интернет менувачница за виртуелната валута биткоин. Двајцата инвестираа три милиони евра во една од најмодерните словенечки фарми, во косопственост на Алеш Штерн, пишува хрватски Лидер.

Во сопственост на фармата се 950 хектари земја, 60 молзни крави и уште толку јунци. Вработени се 40 луѓе, а скоро сите процеси ги водат компјутеризирани системи и роботи.

Кодрич и Меркал во партнерството во фармата гледаат добра можност за инвестирање, а Штерн е задоволен што му помогнале инвеститори кои имаат визија.