Словенците едвај чекаа да патуваат, првиот лет за Тенерифе

32

Големиот интерес на Словенците за туристички патувања по долготрајното затворање беше потврден со првиот чартер лет со кој 180 патници отпатуваа за Тенерифе (Канарските острови) во неделата наутро на седумдневен одмор.

Авионските билети биле распродадени за неколку дена, по подобрувањето на епидемиолошката ситуација во земјата.

Туристичките агенции планираат уште неколку чартер летови до далечни егзотични дестинации и тие веќе нудат пакет аранжмани на традиционалните, класични туристички дестинации на Словенците.

“Очигледно, луѓето сакаат да патуваат и ние организираме патувања со сите безбедносни протоколи што треба целосно да се спроведат“, наведува Компас, една од агенциите што го организираа летот за Тенерифе. 

Менаџерот на аеродромот во Љубљана, Fraport Словенија вели дека во текот на преостанатата зимска сезона по првиот чартер, планираат да имаат уште неколку.

Фото: Pixabay