Словенците кои имаат имот во Хрватска на уставен суд поради рестрикции на границите

23

Словенечките државјани кои во Хрватска имаат недвижен имот започнале постапка за проверка на уставноста и законитоста на владината одлука поради којашто од Словенија не можат да влезат во Хрватска.

Покрај 11-дневното затворање поради засилување на пандемијата, што стапува на сила од четврток, словенечката влада донесе и одлука со ногу строги услови за влез во Словенија или за излез од земјата во дестинации од “црвената“ епидемиолошка листа, на којашто се наоѓаат сите соседни земји на Словенија. Покрај забраната за одење во ризични земји, најавена е и строга контрола на границите и казнување.

Предлогот да се испита уставноста на таквата одлука, што владата ја аргументира со епидемиолошката ситуација, повикувајќи се на законот за заразни болести, е поднесена во име на граѓанската иницијатива Сопственици на недвижнини во Хрватска.

Претставник на иницијативата за словенечките медиуми изјави дека со забраната за премин на границата на сопственици на недвижнини и пловни објекти во Хрватска им се крши уставното право на слободно движење, како и на уживање на правото на сопственост.

Фото: Pexels