Словенците преговараат со Novartis за производство на вакцини

22

Словенечката влада е во преговори со швајцарската фармацевтска компанија Novartis за производство на вакцини против Ковид-19 во Словенија. Словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар и директорот на фармацевтската компанија Lek, Роберт Љољо, која е во сопственост на Novartis, неодамна зборуваа за таа можност, пренесува Танјуг.

Интензивните контакти меѓу словенечката влада и Novartis траат неколку месеци, откако словенечкиот премиер Јанез Јанша се сретна со Ричард Сајнор, директор на Sandoz, оддел за генерика на Novartis, во мај, објавувајќи дека производството на вакцини во Словенија може да започне пред крајот оваа година.

Преговорите се однесуваат на деловните услови во Словенија и нејзиниот даночен систем, а не на можните финансиски стимулации за инвестиции на Novartis во Словенија.