Словенечки браник за велосипеди ја освојува Америка

257

3

Само една година по успешната кампања преку онлајн платформата за масовно финансирање Kickstarter, словенечката фирма Musguard го прошири својот бизнис со дизајнерски браници за велосипеди во бројни земји ширум светот.

Musguard може да се купи и во дуќанот на Музејот на современа уметност во Њујорк (MoMA). Авторот на овој дизајн, Јуриј Лозиќ, за порталот Startaj.si вели дека оваа ситуација им е малку невообичаена, затоа што примарна цел им било да се ориентираат на продавници за опрема за велосипеди. Но, присутноста во MoMA добро им се наоѓа маркетиншки.

2

Од Музејот ги контактирале веднаш по завршувањето на кампањата на Kickstarter и побарале од нив да развијат посебна линија и амбалажа која ќе се нуди само во музејот.

Браникот Musguard е многу практичен. Кога не се користи, може да се завитка во ролна и да се стави некаде или да се закачи на рамот од велосипедот. Тежи само 35 грама и не треба посебен алат за да се монтира. Го има во повеќе бои, а изработен е од цврста, еластична фолија која може да се рециклира.

1

4