Словенечкиот милијардер Само Логин за новиот бизнис, богатство, алчноста…

Планетата може да произведе доволно храна за секого, има доволно земја за секого, но проблемот е како не ја користиме таа земја и каква храна правиме, изјави Само Логин, основач и сопственик на Логин ЕКО, кој купи повеќе од 4.000 хектари земја во Војводина и кој планира да се занимава со органско производство.

„Наша задача е здравата храна да ја направиме достапна за секого. Денес тоа е често привилегија, а мислам дека не треба да биде така истакна, Логин“, пренесе Блиц.

Креаторите на познатата видео игра Talking Tom, Словенците Иза и Само Логин веднаш ја продадоа својата компанија за милијарда долари, а неодамна бизнис магазинот Finance ги прогласи за најбогати луѓе во Словенија, кои заедно имаат имот во вредност од 7, 1 милијарда евра.

Купиле 4.000 хектари во Војводина и ова е нивниот план!

Нашиот план не беше да ја продадеме компанијата за 1 милијарда долари, туку целта беше да се вклучиме во непрофитни проекти кои се однесуваат на предизвиците на модерното време. Кога го продадовме Outfit 7, нашите инвестициски банкари прашаа зошто продаваме сега кога компанијата е во најдобра форма, а јас одговорив ако не продадеме сега, алчноста победува. Мојот живот не се промени многу по продажбата. Човек може да спие само во еден кревет, во една куќа и да вози автомобил по еден. Така што во одреден момент животниот стандард навистина не се менува – изјави Логин.

Тој истакна дека не жали за продажбата, иако можеле да заработат уште повеќе, бидејќи сега ја работат работата поради која и сè започнале и која ја сакаат.

На земјиштето во Војводина во моментов развиваат нови технологии и не користат ништо од животинско потекло во производството. 

„Развиваме технологија за зелено ѓубриво бидејќи според мене тоа е единствениот одржлив начин земјоделците сами да произведуваат ѓубриво“, изјави Логин.

Компанијата во Србија „Логин Еко“ вработува 65 лица.