Словенечкиот министер за економија поднесе оставка

24

ljubljana-1

Словенечкиот министер за економија Јожеф Петровиќ вчера поднесе оставка, по четири недели од именувањето на новата влада. Оставката следуваше по пишувањата на медиумите дека пред две години, како еден од директорите во фирма за канцелариски материјали, учествувал во картелен договор со уште две фирми за цените по кои ќе ги продаваат своите производи на државата, со што бил оштетен државниот буџет за неколку милиони евра.

Агенцијата за заштита на конкуренцијата утврдила дека компаниите ДЗС, Младинска књига трговине и Екстра Лукс, од средината на 2007 до крајот на 2012 година го прекршиле Законот за спречување на ограничување на конкуренцијата. Потписник на договорот на ДЗС тогаш бил Петровиќ, пишува Сиол.нет.

Министерот ги отфрли обвинувањата.

Словенечкиот премиер Миро Церар изјави дека е уверен дека министерот ќе докаже дека не работел незаконски.