Словенија добива 5,2 милијарди евра од фондот за закрепнување на ЕУ

30

Владата на Словенија разгледува изработка на план за економско закрепнување што е услов за добивање 5,2 милијарди евра од фондот на Европската унија за економско закрепнување од последиците што ги предизвика пандемијата.

Владата во Љубљана треба да го усвои планот откако ќе добие одобрение од ЕУ во февруари, пренесуваат словенечките медиуми.

Нацртот на словенечкиот план е испратен претходно до Европската комисија која, според неофицијални информации, не била задоволна од содржината на документот, но соопштила дека во оваа фаза е премногу рано за сеопфатна оценка.

Словенечката влада ја задолжи канцеларијата за развој и синхронизирана политика со ЕУ да подготви и достави конечна верзија од националниот план којшто владата би го усвоила откако ќе добие зелено светло од Брисел во февруари следната година.

Фото: Freepik