Словенија ќе биде првата земја во светот што издала NFT токени

155

Технолошкиот парк Љубљана, Министерството за економски развој и технологија и Јавната агенција SPIRIT Словенија ја зајакнуваат својата улога во претставувањето на Словенија на EXPO DUBAI 2020 со воведување незаменливи токени (NFT).

Така Словенија е ставена на мапата на најнапредните дигитални земји со разбирање за развојот на блокчејн технологијата, која е една од технологиите во иднината. Првата колекција незаменливи токени беше создадена за промовирање словенечки решенија во економска област.

NFT ќе претстави колекција уникатни дигитални 3D експонати и ексклузивни панорамски фотографии, односно фотографии со висока резолуција од 360 степени. Посетителите ќе добијат NFT во форма на подарок или дигитален сувенир бесплатно кога ќе го посетат словенечкиот павилјон EXPO DUBAI 2020, пренесува Банкар.ме.

Државниот секретар во Министерството за економски развој и технологија Симон Зајц со гордост објави дека Словенија ќе биде првата земја во светот што ќе издаде NFT за промовирање на достигнувањата на економијата и туристичките дестинации. Зајц додаде дека на овој начин Словенија на EXPO DUBAI 2020 се претставува како иновативна, дигитална и паметна дестинација, чиј павилјон дефинитивно вреди да се посети поради уникатната зелена фасада, интересната содржина, новите деловни можности, а особено поради NFT.