Словенија нема да обжали одлуката за “винскиот“ спор со Хрватска

41

Словенија нема да се жали на одлуката што ја донесе општиот суд на Европската унија во Луксембург, којшто во септември ја отфрли тужбата на официјална Љубљана проти ЕУ во случајот со истарското вино теран, јавуваат словенечките медиуми.

Рокот за поднесување жалба на пресудата, со којашто е потврдена одлуката на Европската комисија дека на хрватските винари од Истра им се дозволува користење на етикетата Хрватска Истра – теран за продажба на нивното вино, истекува во четврток. Словенија одлучи да не ја обжали пресудата, не појаснувајќи ги причините за таквата одлука.

Одбиено е барањето на Словенија да ја поништи делегираната уредба на ЕУ околу условите за користење на терминот Теран на етикети од хрватско вино од градот Истра. Тужбата се однесувала на терминот Теран, којшто се користи и во Хрватска и во Словенија.

По влезот на Словенија во ЕУ, тој термин се користеше на етикети на некои од словенечките вина, најпрво како традиционално име за вино од Крас, произведено на одредено винско подрачје, а потоа е признаена и ознаката за заштитено географско подрачје.

Од судот појаснуваат дека Европската комисија им признала на винарите од Истра дека, и покрај противењето на Словенија, за своето традиционално вино што го нарекуваат теран да може да етикетите да се означува како Хрватска Истра – теран, а Словенија преку тужбата барала да се делегира уредбата со којашто може да се поништи таквото означување, бидејќи Словенија имала ексклузивно право на теран.

Фото: Freepik