Словенија: Од 2030 година нема да се регистрираат возила на фосилни горива

50

koli

Фото: Pexels

Словенечката влада ја прифати новата стратегија што се однесува на користење на алтернативни извори на енергија. Според стратегијата, се забранува регистрација на автомобили што користат фосилни горива по 2030 година, пишува rtvslo.

Моторите со внатрешно согорување по 2030 година нема да бидат единствениот погонски систем во новите возила. Тие ќе треба да се заменат со хибридни или целосно електрични мотори.

Словенечката влада предвидува до 2030 година во земјата да има околу 200.000 електрични и хибридни возила, што би изнесувало околу 17% од сите регистрирани автомобили. Паралелно со зголемување на бројот на електрични возила, со новата стратегија, исто така се планира да зголеми и соодветната инфраструктура. Минатата година во Словенија имало 227 пумпи за електрични возила, а до 2030 година ќе треба да се изградат 22.300 пумпи.