Словенија, прва во Европа, прогласи крај на епидемијата од Ковид-19

42

Словенија е прва земја членка на Европската унија што прогласи крај на епидемија од Ковид-19, пренесува RTVSLO.

“Словенија има најдобра епидемиолошка слика во Европа, којашто овозможува откажување на општата епидемија и веројатно ќе биде покриена до датумот кога истекуваат двата антикризни пакети“, изјави словенечкиот премиер, Јанез Јанша.

Граѓаните кои ќе допатуваат во земјава веќе нема да имаат обврска да бидат во карантин.

Словенија прогласи епидемија на 12-ти март, а досега во земјата се регистрирани над 1.400 случаи на заразени со коронавирус и околу 100 смртни случаи.

Фото: Pixabay