Словенија се задолжи 1,75 милијарди евра

98

Со издавање на две обврзници Словенија во средата се задолжи за 1,75 милијарди евра, прво задолжување во 2022 година, во кое државата планира да позајми вкупно пет милијарди евра.

При првото излегување на финансиските пазари оваа година Словенија пласираше 4-годишна обврзница со која обезбеди 1,25 милијарди евра, додека со 40-годишната обврзница собра 500 милиони евра. Така собраните средства ќе се користат за финансирање на буџетот и рефинансирање на старите кредитни обврски.

Интересот на финансискиот пазар за словенечките обврзници ја надмина понудата. Според словенечките медиуми, побарувачката достигнала 6,6 милијарди евра.