Словенија се задолжи за две милијарди евра

53

Словенија на меѓународниот пазар се задолжи за две милијарди евра со издавање на обврзници со рок на достасување од 10 и 30 години, објави словенечкото Министерство за финансии, истакнувајќи дека позајмувањето е направено под многу поволни услови.

Словенија издала нови 10-годишни обврзници за 1,75 милијарди евра. Според достапните информации, побарувачката за оваа обврзница достигнала 10,6 милијарди евра, а каматната стапка достигнала 17 основни поени над просечната вредност на десетгодишната замена на каматните стапки, што е -0,27 %.

Во исто време Словенија продаде 250 милиони евра дополнителни должнички хартии од вредност од веќе постојната емисија на 30-годишни обврзници со рок на доспевање во 2050 година. Побарувачката достигна 250 милиони евра. Каматната стапка беше 40 основни поени над просечната вредност на 30-годишната замена на каматната стапка, што е -0,02 %. Тоа значи дека Словенија позајмила со стапка од 0,38 % пренесува Seebiz.

Фото: Pixabay