Во следните четири месеци Словенија ќе мора да обезбеди скоро 110 милиони евра за да ја отплати главнината на обврзниците.
На денешната аукција на трезорски меници, државата ќе се обиде да обезбеди средства во вредност од 30 милиони евра, повеќето од домашните банки. Издадени ќе бидат шестомесечни меници со рок на пристигање во мај идната година и 12-месечни меници со рок до јуни следната година, пренесува Лидер.
Во четврток ќе стигне првата обврзница за која Словенија ќе мора да издвои 4,4 милиони евра. Следната обврзница стига на 2 декември по цена од 56,4 милиони евра. За последната обврзница од низата што ќе пристигнат во следните четири месеци, Словенија ќе мора да одвои 48,5 милиони евра.