Случај Ишгл – Околу 2.500 туристи ќе го тужат скијачкиот центар

278

Околу 2.500 туристи подготвуваат тужба против популарниот австриски скијачки центар Ишгл во Тирол поради лошиот пристап за време на пандемија на коронавирусот и криење информации за заразата, што довело до зараза на голем број скијачи.

Скијачкиот центар Ишгл е веќе под истрага од локалните власти во Инсбрук, откако стотици случаи биле поврзани токму со тој скијачки центар.

Локалните власти  е обвинети за тоа што многу доцна реагирале на првите знаци на инфекција, особено во Ишгл, што придонело вирусот да се рашири низ Европа, но и останатиот дел од светот.

Австриското здружение за заштита на потрошувачи смета дека локалните власти се одговорни за доцната реакција на почетокот на ширењето на епидемијата.

Само пет дена откако здружението на својата веб страна упатило повик за тужба, се јавиле околу 2.500 луѓе, а околу 80% од нив се Германци.

Портпаролот на обвинителството во Инсбрук, Хансјорг Мајер потврди за CNN дека добиле пријава и дека полицијата започнала со истрагата.

Ишгл и околните места имаат околу 500.000 посетители секоја зима. Во Австрија до сега се забележани повеќе од 10.000 случаеви заразени со коронавирус, а само во Тирол над 1.000 заразени.

Фото: Pixabay