Службени уреди, ама нон – стоп онлајн

80

Фински, дански, шведски и многу други компании на работниците масовно им купуваат службени уреди, со што се бара постојано да бидат онлајн.  Британците, како нација сè повеќе се посветува на бизнисот, толку многу што вработените не ги користат своите паузи за ручек и ja проверуваат  е-поштаta дури и среде ноќ.

Резултатите од една студија покажуваат дека сè повеќе вработени во Европа треба да бидат онлајн цело време.

Компаниите од ЕУ купуваат телефони, таблети и лаптопи  за работниците, со напомена дека тие мора да бидат приклучени на мрежа и кога се надвор од канцеларијата, односно да бидат постојано достапни.

Ова е потврдено со најновите статистики на Евростат. Во 2019 година овој тренд го применија околу 68 % од деловните субјекти, а во 36 % од фирмите, повеќе од една петтина од вработените имале службени уреди. Водечки се Нордиските земји: Финска со 96%, Данска 92% и во Шведска 87% од компаниите обезбедуваат мобилни телефони со интернет конекција за вработените, пишува Telegraf.

Сепак, другите земји не заостануваат. По нив следат Литванија 86%, Чешка и Словенија 83% , а следат Хрватска, Естонија и Австрија 80% . Во Бугарија, само 46% од фирмите дистрибуирале телефони и компјутери на работниците, додека Грција 56%, Романија 58%.

Фото:Pexels