Smart home control – апликација за заштеда на електрична енергија во домот

135

so-mobilen-vo-raka

Smart home control е апликација којашто на корисниците ќе им овозможи да го контролираат ладењето, греењето, климатизацијата, како и работата на повеќе електронски уреди во домот. На тој начин ќе влијаат на потрошувачката на електрична енергија во домовите и ќе имаат детален увид во тоа колку струја е потребна за одржување на домот, пишува Derstandard.at.

Во овој момент, апликацијата ја тестираат 111 домаќинства кои треба да утврдат дали е корисна и дали со нејзина употреба ќе направат заштеда на електричната енергија.

Домаќинствата може да изберат една од однапред утврдените конфигурации за работни денови, викенд или преку својот мобилен телефон или таблет да направат своја конфигурација на потрошувачка на електрична енергија.

Апликацијата ја разви виенската компанија Emakina во соработка со истражувачкиот центар Aspern smart city research.