Смарт училници – проект за модернизација на образованието на Македонски Телеком

20

Македонски Телеком стартува нов проект – смарт училници, во кои едукативниот процес ќе се одвива врз основа на паметните технологии. Проектот е во партнерство со Министерството за образование и наука и Министерството за информатичко општество и администрација, стои во соопштениетпо.

Со новиот пилот проект започнаа со работа училниците во средните училишта Д-р Панче Караѓозов и Зеф Љуш Марку. Со овој пилот проект, професорите и учениците во образовниот процес ќе бидат сведоци на примената на новите технологии во едно ново интерактивно  искуство на совладување на едукативниот материјал.

“Нашата компанија, како технолошки лидер во земјата е посветена новите технологии да ги доближи и да ги направи достапни за луѓето и општеството. Овој проект е добар пример во таа насока. Денешните ученици живеат дигитално и потребни им се соодветни алатки за стекнување на знаење и за комуникација со цел да се соочат со модерните предизвици. Смарт училниците се наменети да станат нивна природна средина за учење и стекнување на знаење“, изјави Андреас Маиерхофер, главен извршен директор на Македонски Телеком.

Смарт училниците се базирани на напреден софтвер како cloud решение за полесна интерактивна комуникација помеѓу учениците и професорите, но и за учење од далечина. Преку интерактивни табли и таблети, ќе се постигне поголема интеракција во училницата, полесно следење на развојот на учениците, лесно прилагодување на училишните планови и подобрување на ефикасноста на учебната администрација.

Овој пилот проект се надоврзува на стратегијата на Македонски Телеком за воведување на паметни решенија во секојдневниот живот на граѓаните и дигитализација на општеството.