Со 24 милиони долари од СБ, Македонија ќе ги поддржи иновациите

18

world-bank-building-c Македонија доби 24 милиони долари од Светската банка (СБ) за поддршка и развој на вештините и иновациите. Проектот е одобрен вчера од Бордот директори на Светска банка.
Како што информираат од Канцеларијата на Светска банка во Скопје, целта на проектот е да ја подобри транспаретноста во распределба на ресурсите и да ја промовира одговорноста во високото образование, подобрување на релевантноста во средното техничко стручно образование и поддршка на иновативните капацитети во Македонија.
“Подобрување на перформансите на земјата на пазарот на труд, како и економската конкуретност ќе има потреба од работна сила со подобри вештини и подобро образование”, истакнува Татјана Проскурјакова, директор на Канцеларијата на Светска банка во Македонија.
Проскурјакова додава дека истовремено и регулаторното, институционалното и финансиското опкружување може да бидат зајакнати за понатамошно промовирање на иновациите на ниво на компании и подобрување на комерцијалната апликација на неговите академско-научни и технолошки средства.
Од проектот корист ќе имаат околу 24.000 студенти и 1.500 наставнички и управен кадар од училиштата за техничкото стручно образование, кои ќе добијат нови наставни програми и подобрување на условите за практична обука, како и обука за управување, планирање и подобрување на процесот.
Студентите и персоналот од универзитетите, истражувачки институции и претпријатија ќе имаат корист од примената на механизмите за обезбедување квалитет и реформи за финансирањето во високото образование, како и од грантови кои промовираат истражување, развој и иновации.
“Проектот е дизајниран да ги поттикне образованието и вештините кои се релевантни за пазарот на труд, како и да го подобри иновативниот капацитет на земјата”, вели Бојана Нацева, виш специјалист за образование при регионот на Европа и Централна Азија на Светска банка и лидер на проектот.
Активностите на компаниите во Македонија што се ориентирани кон вработување работна сила со вештини и користење на иновации, претставува важен извор за економскиот раст и генерираат позитивни поврзани резултати, како социјално вклучување и заеднички просперитет, се наведува во соопштението.
Заемот за поддршка на развојот на вештините и иновациите е издаден од страна на Меѓународната банка за обнова и развој (ИБРД) и изнесува 24 милиони долари, со 18 години доспевање и 5 години грејс период.