Со апликација против несовесно фрлени отпушоци

35

Кампањата Исчисти ја Виена треба на посебен начин да влијае на намалување на количината отпад од цигари. Со новата апликација Litterati може да се направи фотографија од некое парче отпад коешто потоа адекватно ќе се одложи. Фотографијата се дополнува со соодветен хаштаг и се поставува онлајн. Апликацијата има 150.000 корисници во светот, кои собрале 4,5 милиони парчиња отпад.

Преку кампањата се повикуваат жителите да се приклучат на акцијата.

Отпушоците претставуваат посебен проблем кога е во прашање отпадот. Повеќе од 300 милиони отпушоци се фрлаат несовесно покрај 22.000 специјални канти за пепел. Филтрите на цигарите се состојат од микропластика којашто е посебно штетна за животната средина. Несовесно фрлените филтри завршуваат во водите, а рибите ги голтаат. Целта на оваа кампања е да се спречи милиони отпушоци да завршат на земјата или водата.

Фото: Pexels