Со чии акции најмногу се тргуваше на берзата во април?

29

Акциите на Реплек, Гранит, Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол се петте најтргувани хартии од вредност на официјалниот пазар на Македонска берза во април, покажува Месечниот статистички билтен.

Со акциите на Реплек се направени 180 трансакции и промет од 1,8 милиони евра со што учествуваат со 22,69% во вкупниот промет на официјалниот пазар во април. По нив со 216 трансакции следат акциите на Гранит, зад нив со 329 трансакции со вкупна вредност од 1,5 милиони евра се акциите на Комерцијална банка.

Меѓу петте најтргувани се најдоа и акциите на Алкалоид со 309 трансакции и 17,07% удел во вкупниот промет, како и хартиите од вредност на Макпетрол со коишто се направени 138 трансакции со вкупна вредност од 646.092 евра.

Фото: Freepik