Со домашните платежни картички досега потрошени 10,7 милиони евра

30

Над 187.000 граѓани со домашните платежни картички потрошиле 10,7 милиони евра преку над 660.000 реализирани трансакции, напиша на Facebook, министерката за финансии, Нина Ангеловска.

За три недели, како што напиша таа, околу 11 милиони евра се вбризгани во економијата преку зголемената потрошувачка од граѓаните со домашната платежна картичка и со тоа: се поддржуваат македонските производи и услуги; се поддржуваат граѓаните и се поттикнува економската активност.

Исто така, расте и безготовинското плаќање, а со тоа се влијае и на намалување на сивата економија.

Најмногу со картичките се пазари во супермакетите или согласно податоците кои ги добивме од дел од банките преку 90% од транскациите се таму.

Во меѓувреме, во тек е втората фаза на разгледување на приговорите. Дел од граѓаните досега добија одговори, па и картички за уважените приговори, а дел од граѓаните допрва ќе добијат.

Фото: Facebook