Со кои акции најмногу се тргуваше во јули?

51

Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид, Гранит, Макпетрол и Стопанска банка се петте најтргувани на официјалниот пазар на Македонска берза, покажува Месечниот статистички билтен.

Со акциите на Комерцијална банка се реализирани 594 трансакции и учествуваат со 48,82% во прометот. На второ место се акциите на Алкалоид со 185 трансакции, а со 86 трансакции трети се акциите на Гранит. Со акциите на Макпетрол и Стопанска банка се направени 71, односно 68 трансакции.

Акции со најголем пораст на официјалниот пазар имаат акциите на: Огражден од Струмица (48,80%), РЖ Уготур (16,67%), УНИ Банка (16,46%), ТТК Банка (11,11%) и Пекабеско (9,98%).

Од друга страна, најголем пад имаа акциите на: Сковин (-99%), РЖ Институт (-48,89%), Карпош (-48,12%), Тутунски комбинат Прилеп (-38%) и Попова кула Демир Капија (-23,81%).

Пазарната капитализација во јули изнесува 175.268.379.917 денари или 1,47% повеќе во однос на претходниот месец. Прометот во јули се позиционираше на 382.669.819 денари, што е пад од 14,16% на месечно ниво. Во текот на јули се реализирани 1.319 трансакции или 14,68% помалку во однос на јуни. Индексот МБИ 10 заврши со 4.289,51 или 4,20% повеќе во однос на јуни.

Фото: Freepik