Со купен нов телевизор, корисниците на MaxTV ќе добијат бесплатен ТВ пакет Max Sport +

2

tv

Сите корисници на MaxTV кои ќе купат одреден тип на Samsung или Sony телевизор, можат бесплатно да го следат најдобриот спортски ТВ пакет MaxSport+ во наредните шест месеци. Оваа промоција можат да ја искористат сите нови или постојни корисници на MaxTV кои ќе купат телевизор и ќе потпишат или обноват договор на две години. Промоцијата ќе трае до 31 октомври 2014 година и важи за телевизорите Sony KDL42W705B и Samsung UE40H5500, со можност за плаќање на 48 месечни рати.

Спортскиот ТВ пакет MaxSport+ ги вклучува ексклузивните канали Arena Sport 2, Arena Sport 3 и Arena Sport 4, достапни во SD и HD резолуција, како и каналите Sport Klub 1, Sport Klub 2, Sport Klub 3, Motors TV и Extreme Sports.