Со НЛБ Ден започна месецот на штедење во НЛБ Банка

388

tibi-i-shtuki

Фото: НЛБ Банка

Од 25-ти овој месец, со организација на традиционалниот НЛБ Ден, започна месецот на штедење во НЛБ Банка. Тема оваа година ќе биде Штедење и истражување, стои во соопштението на банката.

НЛБ денот го означува почетокот на НЛБ месецот на штедење, којшто ќе трае до 25-ти октомври. Во рамки на овој месец, НЛБ Банка ќе спроведува акција за собирање на цртежи, во којашто децата ќе имаат можност да цртаат на тема: Штедење и истражување. Своите цртежи децата потоа ќе можат да ги постават на посебна интернет страница отворена за таа намена: stedenje.nlb.mk или да ги донесат во било која експозитура на НЛБ Банка.

Изборот на најдобри цртежи ќе биде направен врз основа на гласањето преку веб страницата и од страна на посебна комисија составена од реномирани македонски уметници. Најдобрите цртежи ќе бидат наградени со признанија и парични награди.